Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ се намачи против голем аутсајдер, но ја мина првата пречка во Монте Карло

Објавено

на

Foto:twitter.com/ROLEXMCMASTERS

Новак Ѓоковиќ беше на принудна пауза поради тоа што не доби дозвола да игра на двата турнир на американско тло, па како што беше најавено, неговото враќање на терените е она во Монте Карло.

Светскиот рекет број еден ќе го брани тронот на турнирот кој важи за негов домашен поради тоа што живее во Монако, иако мораше да се изнамачи на првиот тест кој на хартија не требаше да биде толку тежок.

Русинот Иван Гаков требаше да биде лесен испит за најдобриот светски тенисер, но наместо тоа, се покажа како многу цврст орев, особено во првиот сет кој беше доста возбудлив и израмнет.

198-от тенисер на АТП листата прв направи брејк и успеа да поведе со 4:3 во воведниот сет, но Ноле експресно возврати, а потоа видовме завршница во тајбрејк.

После 69 минути игра, Новак го освои првиот сет и поведе со 1:0, а потоа беше доста поубедлив и почна полесно да ја чита играта на големиот аутсајдер. Ѓоковиќ во вториот сет направи два брејка и на крајот славеше со 6:2 за пласман во третата рунда, каде ривал ќе му биде Нарди или Музети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни