Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ нема да игра на Мастерсот во Синсинати

Објавено

на

Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ одлучи да не настапи на АТП Мастерсот од серијата 1000 во Синсинати кој е на програмата од 14 до 22 август.

Српскиот ас реши да се повлече од турнирот на кој во минатото двапати славеше се со цел да одмори, закрепне од претходните предизвици и со тоа на најдобар можен начин да го дочека Ју-Ес Опен каде ќе се обиде да слави и да го комплетира каленедарскиот грен слем.

-Драги фанови, сакав да ви кажам дека ми треба повеќе време за да закрепнам. За жал нема да можам да учествувам на турнирот во Синсинати и мојот фокус е Ју-Ес Опен и да поминам некое време со моето семејство. Се гледаме во Њујорк, – напиша Новак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни