Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ ја издвои главната разлика кај Синер: Тој е најдобар тенисер во светот

Објавено

на

Foto:twitter.com/AustralianOpen

Новак Ѓоковиќ доживеа рана и неочекувана елиминација на Мастерсот во Индијан Велс и реши да го прескокне Мајами, се со цел да има подобра подготовка за сезоната на земјена подлога.

Светскиот рекет број еден ќе се врати на терените во Монте Карло и ќе се обиде да ја поправи лошата традиција која ја има на овој турнир во последните неколку години, но иако очекувањата не му се преголеми, Новак вели дека тоа не значи дека влегува без ентузијазам.

– Моите очекувања за Монте Карло не се многу високи, особено поради начинот на кој играв од почетокот на годината, но и поради резултатите во Монако во последните неколку години. Знам дека не бев добар тука, но ќе се обидам да бидам подобар. Очекувањата ми се пониски од обично, но тоа не значи дека влегувам без ентузијазам.

– Ја освоив титулата во 2013-та и 2015-та година, но тоа веќе е одамна. Последните пет-шест пати не бев успешен и се надевам дека тоа ќе се промени. Не играв во Мајами и имав повеќе време да се подготвам за игра на земја, да видиме како ќе одговорам на теренот, – вели Ѓоковиќ кој нема дилеми дека Јаник Синер е најдобар светски тенисер од стартот на годината.

– Јаник е најдобар играч во светот од стартот на годината. Навистина многу напредуваше…. Сервисот, движењето на теренот, но пред се ментално. Главната разлика кај Јаник е менталниот склоп кога игра важни поени. Тоа е главната разлика меѓу овој Јаник и оној од пред шест месеци. Тој научи од своите искуства, сега е многу поцврст и стана играч за големи мечеви, – потенцира Новак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни