Поврзете се со нас

Свет

Фудбалска приказна од Турција која ги топли срцата: Мал фан секој викенд го поздравувал тимскиот автобус, конечно дочека изненадување (Видео)

Објавено

на

Фудбалот на сите страни ширум светот се сфаќа како повеќе од игра и овој спорт предизвикува неверојатни емоции кај фудбалските фанови, кои во обид да дојдат во близок контакт со своите миленици, често знаат да презентираат и несекојдневна упорност.

Таков пример ни пристигнува од Турција и земјата која беше погодна од страшен земјотрес на стартот на годината, па откако никој не мислеше за фудабал со месеци, сега работите полека се враќаат во нормала.

Самсунспор е клуб кој се натпреварува во првата турска Суперлига, а овој клуб сега стана доста популарен поради видеото кое беше објавено од нивниот најмлад и најстраствен фан.

Мало момче секој викенд го чекало тимскиот автобус кој ги превезува фудбалери за да им посака среќа пред натпреварот, па после неколку обиди, конечно добило и награда.

Видеото го снимил неговиот татко, а на истото се гледа како автобусот на Самсунспор застанува да го поздрави својот страствен фан, а голманот му подарува и топка за дополнителна радост кај младото момче.

Оваа сторија стана супер интересна и за турските медиуми, кои дополнително открија дека младиот фан бил почесен гостин и на еден од последните тренинзи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни