Поврзете се со нас

Македонија

Еурофарм Пелистер го потврди третото големо летно засилување

Објавено

на

Еурофарм Пелистер се уште е во игра во актуелната натпреварувачка сезона, но битолчани веќе се подготвуваат и за наредната во која проектот ќе биде амбициозен како и досега.

Македонскиот вицешампион вечерва ја информираше јавноста дека е договорено уште едно големото летно засилување, откако ги осигурал услугите на францускиот лев бек Руди Сери.

– Францускиот лев бек потпиша двегодишен договор со Еурофарм Пелистер. Доаѓа од францускиот тим Сесон Рен. 27-годишниот Сери во својата кариера има настапувано за францускиот клуб Селештат Алкасе , шпанска Бидасоа Ирун и францускиот Сесон Рен.

– Официјалното претставување на Сери во Битола предвидено е пред почетокот на натпреварувачката сезона 2022/23.

Ова всушност е трето големо засилување за наредната сезона, бидејќи Пелистер претходно ги договори и Урбан Лесјак и зделката Усама Хосни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни