Поврзете се со нас

Билијард и Снукер

Еуфорија на првиот билијард турнир „Струмица Опен“

Објавено

на

Иако овој период од годината е резервиран за годишните одмори, примерот со првиот билијард турнир во Струмица покажа дека беше предизвикана вистинска еуфорија.

Домаќин беше клубот „The First“, а се играше дисциплината „Деветка“, со незапаметен интерес од публиката кој ретко се сретнува на другите места.

– Имаше вкупно 28 играчи, предводени од големите ентузијасти во македоснкиот билијард, Мики Тодоров и Марјан Стоилов, а беа присутни речиси сите најдобри играчи од Македонија. Се играше по систем на двојна елиминација, односно дозволен е само првиот загубен меч, по што се игра во репасаж. Во големото финале се сретнаа победниците од двете групи, со што се доби и победникот,- ни изјави судијата Горан Думевски.

Христо Василевски со шест победи во низа издоминира на турнирот, совладувајќи го најуспешниот македонски играч Дејан Сипковски. Третопласиран беше Илче Трајковски, кој имаше перфектен старт, но не толку убедлив финиш.

– Според она што можев да го видам на овој турнир од Христо, можам да констатирам дека е на вистинскиот пат. Неговиот пристап кон играта, мотивацијата за секојдневни тренинзи, смиреноста кога не е на маса, обмислувањето на играта, изборот на удари, поставеноста и правецот на телото, сето тоа укажува дека неговата доминација на македонската билјардска сцена е на повидок и повеќе од извесна,- вели Думевски.

Иако овој турнир беше промотивен, организаторот на турнирот обезбеди богат награден фонд и најави нов турнир за наесен, со награден фонд кој претендира да биде највисок во Македонија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни