Поврзете се со нас

Свет

Ембид донесе конечна одлука за репрезентацијата која ќе ја претставува на ЛОИ во Париз

Објавено

на

Foto:twitter.com/sixers

Џоел Ембид е роден во Камерун и по автоматизам треба да настапува за оваа земја, но поради тројното државјанство кое го поседува, тој бираше и меѓу Америка и Франција.

Големата ѕвезда на Филаделфија беше МВП во регуларниот дел од сезоната и важи за еден од најдобрите во НБА лигата, па како играч со таков статус ќе биде еден од лидерите на САД на следните летни Олимписки игри.

Најугледните и респектабилни медиуми како „ЕСПН“ и „Атлетик“ оваа вечер пренесуваат дека Ембид донел конечна одлука за својата репрезентативна иднина, ставајќи ја Америка пред Франција и Камерун.

Ембид решил да биде дел од „дрим-тимот“ кој ќе го составува Леброн Џејмс за игрите во Париз, па така со куси ракави останаа Французите кои доживаја дебакл на неодамна завршеното Светско првенство.

„Триколорите“ беа потопени и не ја минаа првата рунда, а сега пропаѓаат во вода и нивните надежи дека за следниот голем спортски настан ќе бидат засилени од Ембид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни