Поврзете се со нас

АБА лига

Ѕвезда на Партизан сакаше да се тепа со навивач на Звезда: Се бранев, обезбедувањето е слепо (ВИДЕО)

Објавено

на

Црвена Звезда во еден тензичен натпревар успеа да слави над Партизан и да намали на 2-1 во финалната серија во АБА лигата.

Домашниот тим мораше да се победи за да остане во игра за пехарот, цел која на крајот ја оствари и оваа битка ќе продолжи веќе утре на истиот терен.

Тензија сигурно ќе има како на вчерашниот меч каде гостите се соочија со една непријателска атмосфера, беа фрлани предмети на теренот што ако се земе предвид што низ годините се има случувано и не е некое изненадување.

На социјалните мрежи се појавија снимки од различни моменти, ситуации, а во една од нив го имаме членот на Партизан, Џејмс Нанели кој во еден момент ги губи живците по се што се случуваше крај паркетот.

Тој тргна кон еден домашен навивач по што во последен момент се исконтролира, односно со тоа дополнителни ги запали навивачите на Звезда.

Ова видео стана вирално, па се огласи и самиот Нанели кој порача:

-Исправка, јас сум нападнат и го бранев мојот простор затоа што тој беше на теренот. Обезбедувањето е слепо, -порача Американецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни