Поврзете се со нас

Англија

Џерард обелодени каква порака добил од Клоп за нивната пресметка на „Енфилд Роуд“

Објавено

на

Успехот кој го оствари во Ренџерс, го одведе Стивен Џерард до прва сериозна работа во Премиер лигата, па така ова попладне и официјално ја доживеа својата промоција како менаџер на Астон Вила.

Стиви-Џи ќе го води фудбалскиот великан од Бирмингем и ќе има за задача да го врати тимот во вистинска насока откако по 11 одиграни кола забележа само три победи, а негов прв предизвик ќе биде мечот со Брајтон.

Со оглед на тоа што важи за легенда на Ливерпул, новинарите побрзаа да му постават прашање за пресметката на „Енфилд Роуд“ против неговиот омилен клуб која е на програмата на 11-ти декември, но Џерард побара почит кон Астон Вила и побара да се стави во фокусот тоа што следи на претстојните четири меча пред пресмеката во Ливерпул.

– Сметам дека е навистина нефер да се зборува дека мојата работа во Астон Вила е само почетна станица за моја идна работа во Ливерпул. Никогаш нема да го слушнете тоа од мене. Тука сме да зборуваме за Астон Вила, а не за Ливерпул. Навистина сум почестен што ќе бидам дел од овој клуб, ќе направам се за да имам успех.

– Кога е во прашање Ливерпул, тие имаат врвен тренер во Јирген Клоп. Ако потпише доживотен договор со Ливерпул, јас ќе бидам пресреќен. Сметам дека тој е идеален за нив, јас сум сега во Астон Вила и имам свој пат. Тој ми испрати порака кога потпишав за Астон Вила и ми порача дека ќе ме чека голема прегратка на 11-ти декември на „Енфилд Роуд“, – откри Џерард.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни