Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Две мега-пресметки во осминафиналето во ЛШ, Елмас и соиграчите добија посакуван ривал (Фото)

Објавено

на

Осминафиналната ждрепка во Лигата на шампионите се одржа точно напладне во Нион, каде човек на одлука беше Хамит Алтинтоп како претставник на Турција која е домаќин на големото финале.

„Патот кон Истанбул“ започна со првите парови извлечени во нокаут рундата, а раката на Алтинтоп вкрсти четири големи ривали еден против друг, односно ќе гледаме две мега пресметки уште во осминафиналето.

Ливерпул и Реал Мадрид ќе ги одмерат силите во првата нокаут рунда што ќе биде реприза на минатогодишното финале, додека второто супер дерби е она меѓу ПСЖ и Баерн Минхен.

Наполи на нашиот Елиф Елмас доби противник по мерка, односно ги избегна најнезгодните противници од вториот барабан и ќе ги вкрсти копјата со изненадувањето Ајнтрахт Франкфурт.

Интересни треба да бидат и двете пресметки меѓу Борусија Дортмунд и Челси, како и оние меѓу Интер и Порто, или Милан и Тотенехем.

 

Ред Бул Лајпциг – Манчестер Сити
Клуб Бриж – Бенфика
Ливерпул – Реал Мадрид
Милан – Тотенхем
Ајнтрахт Франкфурт – Наполи
Борусија Дортмунд – Челси
Интер – Порто
ПСЖ – Баерн

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни