Поврзете се со нас

НБА

Дурент се повреди во драматичната победа на Бруклин, Далас е изгубен без Дончиќ (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Бруклин Нетс оствари драматична победа над Мајами Хит (102-101), но остата останува во сенка на повредата Кевин Дурент кој мораше да го напушти теренот во третата четвртина.

Кеј-Ди настрада откако Џими Батлер падна врз неговото колено и тоа во мечот во кој имаше 17 поени со што беше доволно да се искачи на 14 место на вечната листа на стрелци во НБА лигата, односно го мина легендарниот Доминик Вилкинс.

Сега Нетс се во исчекување на деталните медицински прегледи кои ќе покажат каква е состојбата на коленото на Дурент и кога тој ќе може одново да помогне на теренот.

Што се однесува со самиот меч О’Нил го реши истиот истиот по еден офанзивен скок во завршните секунди. Ирвинг со 29 поени беше најистакнат поединец, кај Хит дуото Батлер-Хиро искомбинира 50 кошеви.

Лука Дончиќ пак не можеше да настапи на дуелот со Оклахома Сити Тандер, а без него Далас Маверикс е немоќен и изгубен.

Имено Оклахома славеше со 120-109 во дуел во кој најдобар беше Гилџес Александер со 33 поени, најголема поддршка му беше Дорт со 18 кошеви.

Кај Мавс за кои ова беше 18 сезонски пораз Вуд имаше дабл-дабл до 27 поени и 17 скокови.

Резултати:

Мемфис – Јута 123:118
Мајами – Бруклин 101:102
Хјустон – Минесота 96:104
Оклахома – Далас 120:109
Финикс – Кливленд 98:112
ЛА Клиперс – Атланта 108:112
Индијана-Шарлот 116-111
Торонто-Портланд 117-105
Детроит-Филаделфија 111-123

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни