Поврзете се со нас

Евролига

Драма во Евролигата: Партизан направи од „готово-вересија“ во Пиреја и загуби од Олимпијакос

Објавено

на

Foto:twitter.com/PartizanBC

Кошаркарската пресметка меѓу Олимпијакос и Партизан донесе се што можеа да посакаат неутралните фанови на оваа игра, но оние на грчкиот и српскиот клуб мораа да патат и страдаат цели 45 минути.

Во меч во кој и двата тимаа имаа двоцифрена позитива и негатива, на крајот поумешни беа домаќините носени од сопствената публика, но заслуга за победата на Грците има и капитенот на српскиот тим.

Кевин Пантер во безброј наврати бил спасител и херој на Партизан, но вечерва беше трагичар за „црно-белите“, пред се поради двете промашувања при резултат 79:82 за неговиот тим.

После ова загуби и една топка и дозволи Олимпијакос да поведе со 85:82, меѓутоа тука не беше крајот на возбудувањата, бидејќи Нанели погоди тројка во последната секунда и го однесе мечот во продолжение.

Драмата доби вистински заплет и играчите веќе немаа доволно сили како во регуларниот дел, а во такви услови подобро се снајдоа домаќините кои на крајот победија со 98:94, нанесувајќи му го третиот пораз на Партизан во Евролигата.

Гостите навистина има за што да жалат на оваа средба, бидејќи практично направија од „готово-вересија“, особено во последната четвртина која ја почнаа со десет поени позитива.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни