Поврзете се со нас

Свет

Драма која заврши со продолжение: Расположениот Димитријевиќ ја урна ЦСКА на Рајковиќ

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ и неговиот Уникс Казан успеаа да слават над ЦСКА Москва со 112-104 во дербито во ВТБ лигата.

Овие две екипи веќе оодиграа неколку натпревари во оваа сезона и скоро сите донесоа драма, па така беше вечерва во Казан каде мораше да се играат дополнителни пет минути за да се добие победникот. Во регуларниот дел двете екипи добија по две четвртини или поточно избраниците на Велимир Перасовиќ беа подобри во првото полувреме, а на Емил Рајковиќ во вторите 20 минути.

Со оглед на тоа што резултатот беше 92-92 дојде до продолжение во кое Уникс беше на висина на задачата, едно скалило над противникот и заслужено дојде до триумф со кој ги израдува своите навивачи.

Нашиот Димитријевиќ беше прв стрелец кај победникот со 24 поени на кои додаде 3 асистенции и 1 скок, најголема поддршкка му беше Мејкон со 21 и Лабери со дабл-дабл од 17 кошеви и 11 асистенции.

Вер со 27 и Милутинов со 25 беа најефикасни кај ЦСКА.

Во следното коло на 2 март овие два клуба пак ќе се сретнат, ама сега „армејците“ ќе ја имаат улогата на домаќини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни