Поврзете се со нас

Англија

Добри вести за премиерлигашот: Јунајтед добива уште едно „засилување“

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед игра доста променливо во оваа сезона, а една од причините за тоа дефинитивно се повредите и тоа што менаџерот Ерик Тен Хаг едноставно досега не успеа да ги собере сите играчи на едно место, поточно сите да бидат фит и во комбинација.

Меѓутоа и ова е дел од фудбалот, тоа е процес, период кој мора да се надмине, помине со тоа што здравствениот билтен на „црвените ѓаволи“ се подобрува и како што стојат работите Тен Хаг за брзо време ќе може да смета и на дефанзивецот Арон Ван Бисака.

Ван Бисака е во аут од месец сепетември кога се повреди против Брајтон, но процесот на закрепкување е при крај, почнува да тренира и за краток временски период би требало да се стави во функција на тимот.

Наредните три средби за Јунајтед се против Сити, Њукасл и Фулам, па Ван Бисака би можел да добие минутажа особено на вториот или третиот наведен меч.

Кај Јунајтед остануваат повредени првотимците како Мартинез и Шо, а недостапини се уште Диало, Маласија, плус Санчо кој е суспендиран.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни