Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ ги разреши сите дилеми за својата иднина (Фото)

Објавено

на

foto: www.unics.ru

Ненад Димитријевиќ во месец јуни и дефинитивно ја раскина соработката со Валенсија и стана слободен агент, по што му беше доста полесно во потрагата да пронајде нов клуб.

Двете страни се договорите за спогодбена разделба, па иако ова отвори многу шпекулации за трансфер на Нено во Партизан или Баерн Минхен, на крајот нашиот репрезентативец се одлучи за проверена опција.

Димитријевиќ имаше извонредна сезона како позајмен кошаркар во Уникс Казањ, па сега се обврза на верност на уште 12 месеци, со опција договорот да биде продолжен за уште една година.

Нено беше МВП во финалната серија и сериозно придонесе во титулата која ја освои Уникс, а тоа го посочи и самиот клуб во потврдата за ангажманот.

– Ненад Димитриевич останува во УНИКС! Кошаркарскиот клуб УНИКС и Ненад Димитријевиќ потпишаа нов договор за соработка по шемата „1+1“. 25-годишниот Македонец даде огромен придонес во дебитантскиот шампионат на нашиот клуб во ВТБ-лигата и беше прогласен за МВП на финалната серија.

– На 47 натпревари од регуларниот дел од сезоната и плејоф серијата за УНИКС, Димитриевиќ имаше просек од 12,8 поени, 5,6 асистенции, 2,5 скока и 0,9 украдени топки за 27:12 минути на теренот. Мило ни е што остануваш со нас Нено!, – гласи објавата на Русите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни