Олимписки игри
Димевски имаше средба со Бах, македонското знаме развиорено во седиштето на ИОК
Даниел Димевски како најважен претставник на македонскиот Олимписки комитет денеска имаше средба со претседателот Томас Бах, па седиштето на ИОК денеска беше во боите на македонското знаме.
На средбата, во исклучително пријателска атмосфера претседателот Бах официјално му го врачи сертификатот за признавање на МОК како одговорна организација што применува практики и принципи на добро владеење.
На самиот чин на сертифицирање претходеше презентација и евалуација на сите проекти што ги реализира македонскиот Олимписки комитет, како и позитивниот извештај од страна на реномираниот Price Waterhouse Cooper презентиран годинава.
Претседателот Бах изрази подготвеност да помогне во проектот за поставување на фотоволтаици на кровот од Олимпискиот центар „Јане Сандански“ како и максимална поддршка при организација на претстојните младински олимписки игри во Скопје во 2025 година.
За огромната поддршка што претседателот Бах ја дава на Македонскиот Олимписки комитет, од страна на претседателот Димевски му беше врачена престижната награда „Златна Олимпија“.
Во вториот дел од работната посета, претседателот Димевски имаше средба со директорот за правни прашања во ИОК г-дин. Жером Поивје кој даде предупредување до овластените државни органи задолжени за спорт (АМС) дека превземените обврски за носење на ново законодавство за спорт не ја реализирале во од нив предложениот рок што потенцијално е огромна опасност за суспензија на севкупниот македонски спорт.
Врз база на неговите забелешки и насоки МОК ќе ја превземе задачата за подготвување на новиот Закон за спорт кој ќе биде усогласен со Препораките и Повелбата на ИОК.
-
Шпанијапред 18 часа
Само два клуба од Ла Лига не му ја честитаа титулата на Реал Мадрид (Фото)
-
Шпанијапред 15 часа
Чуамени ја сподели легендарната изрека на Коби по освоената титула во Ла Лига (Видео)
-
Балканпред 17 часа
Ристовски откако доживеа ужасни прозивки од фановите на Риека: Не ве мразам, но веќе не ве почитувам! (Фото)
-
Светпред 15 часа
Гвардиола со проштално писмо се прости од аргентинскиот „Флако“: Малкумина ви даваат толку многу во животот!
-
Светпред 16 часа
Португалија го доби новиот шампион: Лисабон обоен во зелено (Видео)
-
АТПпред 4 часа
Тони Надал: Рафа живее нормален живот, Ѓоковиќ…
-
Англијапред 17 часа
Искри меѓу соиграчите: Двајца дефанзивци на Тотенхем влегоа во клинч на теренот, Викарио ги двоеше (Видео)
-
Шпанијапред 16 часа
Агентот на Роке ја запали каталонската јавност: Или ќе добие шанса од Чави, или……