Поврзете се со нас

Франција

Дембеле даде мајсторски гол, па го „поздрави“ Мбапе (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/FrenchTeam

Франција ќе одигра пријателски меч против Германија во Дортмунд, а пред истиот „триколорите“ објавија едно видео на социјалните мрежи во кое во главна улога е Усман Дембеле.

Членот на Пари Сен Жермен покажа дел од својата магија, исфрли од игра тројца свои сонародници и потоа рутински постигна погодок.

За овој гол крилото доби аплаузи и овации, а Дембеле пак го искористи истиот да го закачи, „поздрави“ Килијан Мбапе со кого има добар однос. Мбапе пак со насмевка го испрати потегот на довчерашниот играч на Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни