Поврзете се со нас

Италија

Де Роси: Имавме среќа што освоивме бод, но судијата не досуди чист пенал (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ASRomaEN

Рома одигра навистина лош меч на „Виа дел Маре“ и првпат не постигна гол во Серија А на натпревар кој го водеше Даниеле Де Роси, па конечните 0:0 не остави задоволен ниту еден од двата тима.

Генерално гледано, Лече покажа повеќе и беше поблиску до водечки гол кој сигурно ќе беше доволен за победа, но гостите се жалат за недосуден пенал на стартот на вториот дел, односно за моментот кога Залевски беше соборен од голманот и стоперот на домашниот тим.

– Страдавме многу на овој меч, особено во првото полувреме. Истото ни се случи и во Фиренца и мора да се подобриме кога играме на гости. Мора да бидеме посплотени и да бидеме подиректни. Ова е освоен бод за нас, имавме среќа што освоивме бод, можеше да биде и полошо. Денеска ни недостасуваше се во играта, се подготвивме за едно, а испадна нешто сосема друго.

– Пеналот во вториот дел? Ќе бидам искрен….. Не ја видов ситуацијата од клупата, но тоа што ми беше покажно на таблетот изгледа како чист пенал. Тоа е вистинска штета.

– Ако има таков инцидент, мора да дадете пенал, особено во ера во која се дава пенал и за мало нагазнување. Јас сакам погруб фудбал и кога не се судат пенали за лесни ситуации, но одлуките мора да бидат исти за сите, мора да има континуитет и еднаквост, – изјави Де Роси.

Видеото погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни