Поврзете се со нас

Шпанија

Дани Алвес го одработи првото интервју од затвор и откри детали за секс скандалот: Совеста ми е чиста

Објавено

на

Дани Алвес имаше пеколна завршница на минатата 2022-ра година, бидејќи доби сериозно обвинение за секскуален напад, поради кој веќе шест месеци е во притвор во Каталонија.

Прославениот бразилски десен бек беше дел до неколку рочишта во изминатиот период и важи за првообвинет за силување на млада 23-годишна девојка, а откако веќе во неколку наврати ги слушнавме неговите излагања во судот, сега го одработи и првото интервју од затвор.

Поранешниот бек на Барселона и Јувентус верува дека вистината ќе излезе на виделина и дека ќе биде ослободен од сите лоши оптужби, додавајќи дека единствено треба да се извини на неговата сопруга која проживеала вистински шок претходните неколку месеци.

– Решив да го одработам ова интервју, прво интервју откако сум во завтор со една цел. Сакам луѓето да знаат што мислам јас на оваа тема. Не знам дали таа девојка има мирен сон и дали спие навечер, но јас ќе и простам за се. Јас немам грижа на совест, ниту една ноќ не ми минала немирно за неа. Совеста ми е чиста, никогаш не сум присилил некој да прави нешто, а така беше и таа ноќ.

– Јас прв влегов низ вратата од тоалетот, а таа подоцна дојде самата. Јас не ја присилив на ништо, само седев на капакот од шолјата за тоалет. Ако сакаше да си оди, можеше тоа да го направи слободно. Единствената личност на која се извинувам е мојата сопруга, Жоана Санц. Тоа е жената со која се оженив пред осум години, се уште сме во брак и се надевам дека ќе остана така. Лично и побарав прошка кога дојде тука кај мене во завтор, но сега тоа го барам и јавно, бидејќи оваа ситуација стана јавна.

– Само таа го заслужува моето извинување за она што го направив. Таа минува низ многу тежок период и благодарен сум за се што направи за мене. Многу ја сакам и додека сум тука, постојано мислам на нашиот брак. Не погрешив што ја избрав за моја сопатничка, иако таа изгледа погреши со мене, – изјавил емотивниот Алвес во интервјуто за „Ла Вангардија“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни