Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Чеферин најавува промени во ЛШ: Тоа ќе биде многу поинтересно за навивачите

Објавено

на

Овој месец се враќаат возбудувањата во Лигата на шампионите и тоа со првата нокаут рунда, а во пресрет на тоа првиот човек на Европската фудбалска федерација (УЕФА) Александер Чеферин најави промени во ова натпреварување во блиска иднина.

Имено првиот човек на УЕФА смета дека завршницата на ЛШ може да биде поинаква и шампионот да се бара преку фајнал-фор турнир слично како во кошаркарската Евролига.

-Сè уште не сме разговарале како што треба поради пандемијата. Но според мене тоа би било одлична работа. Тоа би било понеизвесно натпреварување и многу поинтересно за навивачите. Разговарав за тоа со некои клупски претседатели како што е Ал Келаифи (ПСЖ) и тој се согласува со мене.

-Фудбалот, на пример, е поголем од НФЛ, но Суперболот е огромен спектакл. Мора да решиме едноставна равенка: да им обезбедиме на клубовите обештетување за парите што ќе ги загубат како домаќини на полуфиналните натпревари. Мислам дека сè може да заживее најрано во сезоната 2024/25, не верувам дека може да оди побрзо, -порача Чеферин.

Пред две години поради пандемијата имавме сличен турнир и оваа идеја по се изгледа им се допадна на челниците на УЕФА која сега сакаат да ја стават во рамка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни