Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Чави се соочи со реалноста: Ако не можеш да го победиш Интер на домашен терен, тогаш…..

Објавено

на

Чави Ернандес се соочи со ново непосакуван резултат во Лигата на шампионите и Барселона е блиску до ново фијаско во Европа, бидејќи каталонскиот великан веќе не зависи од себе по ремито со Интер на „Камп Ноу“.

Тренерот на Барселона го посочи мечот со Италијанците како финале во Лигата на шампиони и опција беше само победа, но откако не стигна до неа, шпанскиот претставник сега ќе се надева на чудо од Викторија Плзен.

По нерешените и возбудливи 3:3 во Барселона, на Интер му е потребна било каква победа против Чесите за да се пласира во осминафиналето, фаза во која веќе е чекиран Баерн Минхен.

– Чувството е многу негативно. Оваа Лигата на шампиони е сурова кон нас уште од самиот старт, уште од мечот во Минхен. Првото полувреме беше речиси совршено, во второто рано примивме гол и се распаднавме. Првиот гол е грешка на дефанзивната линија, вториот исто така. Сите работи се сурови за нас, од стартот во Минхен, потоа во Милано и сега тука на „Камп Ноу“. Тоа е фудбалот на највисоко ниво, сите грешки се плаќаат. Работата е да не примите гол, да се одбраните. Не е се во нападот и за жал веќе не зависиме сами од себе.

– Ситуацијата е многу тешка, но мора да свртиме лист и да се насочиме кон „Ел Класико“. Да се рестартираме и да се насочиме кон Ла Лига, бидејќи во Лигата на шампионите веќе се е многу комплицирано. Во Минхен ни недостасуваше ефективност, во Милано беа други фактори, а сега не казнија дефанзивни грешки. Се обидовме да победиме, но не успеавме. Ако не можете да го победите Интер на домашен терен, тогаш не заслужувате да продолжите во Лигата на шампионите. Иако имаме шанси и имаме мала надеж, реалноста е дека е многу тешка ситуација за нас, – изјави Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни