Поврзете се со нас

НБА

Бостон продолжи да победува и без Тејтум, шоу на Едвардс во Минеаполис (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Бостон Селтикс ја продолжи победничката серија во НБА лигата и тоа на гостувањето кај Торонто Репторс каде славеше со 106-104.

„Келтите“ на овој меч не можеа да сметаат на својот најдобар играч Тејтум, потоа во првиот дел се повредија Смарт и Вилијамс (Роберт), но тоа не ги спречи да дојдат до 9. славје во низа со што уште еднаш потврдија дека во моментов се далеку пред сите екипи во источната конференција.

Тројца играчи имаа над 20 поени, Браун беше автор на 27, Вилијамс (Грент) уфрли 25, а Брогдон 25 кошеви. Кај Репторс дабл-дабл учинок имаше центарот Сиакам (29 поени, 10 асистенции, 9 скокови).

Ентони Едвардс пак имаше свое шоу во победата на Минесота над Хјустон од 113-104. Едвардс беше супер расположен и „испука“ 44 поени (рекордни за него сезонава) на кои додаде 6 скока, 4 асистенции, 3 украдени топки и 3 блокади. Најголема поддршка му беше Расел со 23, а значен придонес од клупата пак даде Најт со 19 поени.

Комплетната стартна петорка на „ракетите“ беше двоцифрена, најсветла точка беше Шенгун кој беше блиску до трипл-дабл (19 поени, 16 скокови, 7 асистенции).

Останати резултати: Сакраменто-Филаделфија 127-129, Феникс-Индијана 112-107, Кливленд-Милвоки 112-102, Вашингтон-Орланд 138-118 и Атланта-Шарлот 118-122

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни