Поврзете се со нас

Свет

Борко промовиран во Лемго: Многу сум среќен што повторно ќе играм во најсилната лига на светот (ФОТО)

Објавено

на

Искусниот македонски голман, Борко Ристовски и официјално го комплетираше трансферот во редовите на германскиот прволигаш Лемго.

Лемго се најде во незгодна ситуација, проблем по повредата на Словенецот Урх Кастелиќ, а решението го најде во Вардар од каде го позајми Ристовски до крајот на годинава.

-Борко е супер искусени токму тоа го баравме во нашата моментална ситуација. Среќни сме што успеавме брзо и лесно да договориме соработка со него до крајот на годината и сигурни сме дека ќе биде одлично засилување и поддршка за Фин Зечер во наредните недели, -истакна директорот Јорг Церејке.

Своето задоволство не го криеше ниту самиот Ристовски за кого ова ќе биде трета епизода во германскиот ракомет.

-Неверојатно сум среќен што ќе можам повторно да играм во најсилната лига на светот и ќе направам се во наредните недели и месеци за да и помогнам на Лемго на најдобар можен начин, -порача Македонецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни