Поврзете се со нас

Германија

Бомбастична вест од Италија: Баерн ја „краде“ примарната трансфер цел на Јунајтед и сега е во пол-позиција!

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

Наполи на доминантен начин стана италијански првак после точно 33 години и тоа донесе огромна радост во градот под Везув, но огромниот успех истовремено донесе најави за заминувања на неколку важни имиња.

Лучијано Спалети веќе се поздрави со сите во клубот и си замина по историската сезона на „Диего Армандо Марадона“, а од ѕвездите кои се докажаа во првиот тим, најблиску до разделба со Наполи е Кореецот Ким Мин-Јае.

Фантастичниот стопер во месец јуни ќе го одработи задолжителниот воен рок во Јужна Кореја и ќе ги заврши обврските кон татковината, по што најавено е дека ќе направи трансфер на кариерата.

Иако до овој момент се чинеше дека Манчестер Јунајтед е најблиску до неговиот потпис, последните вести од Италија велат дека дошло до голем пресврт, а причина за тоа е Баерн Минхен.

Баварскиот великан ги интензивирал преговорите со претставниците на играчот и веќе ги информирале дека се подготвени да ја платат откупната клаузула, што прави Баерн сега да биде прв фаворит за потписот на Ким.

Угледниот новинар Ди Марцио заедно со „Скај Спорт“ информираат дека Баерн прави се за да ја „украде“ приматната трансфер цел на Јунајтед, а поради побрзата реакција и понудените 70 милиони евра, се верува дека прв ќе ја комплетира зделката.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни