Поврзете се со нас

Македонија

Блажевска откри кое е најцрното сценарио за Металург

Објавено

на

ЕХФ го суспендираше Металург на меѓународна сцена поради сериозна финансиска криза и неисплатени плати кон ракометари и тренери во минатото, но Европската Федерација побара оваа казна да се префрли и во домашниот шампионат, што всушност и се случи.

Металург не го одигра натпреварот против Вардар и со тоа стана јасно дека казната е пренесена и за македонската ракометна Суперлига, а во исчекување на конечната одлука на Ракометната Федерација на Македонија за тоа дали тимот ќе биде префрлен во пониска лига, денеска свое обраќање на прес-конференцијата имаше претседателката на Металург.

Зорица Блажевска им откри на новинарите кое е најцрното сценарио за Металург во овој период, но се обиде да ги смири фановите и порача дека клубот дефинитивно нема да згасне и тимот од Автокоманда нема да го снема од македонската и европска ракометна мапа.

– Планот е да побарам средба со врвот на ракометната Федерација на Македонија, а испративме и писмо до ЕХФ и сме во постојана комуникација со нив како клуб. Барам да се најде заедничко решение, бидејќи се наоѓаме на 15 дена од добивање на ваучерот кој значајно ги менува работите за нас. Трите натпревари на кои се водиме како исклучени од Суперлигата ќе барам да се водат како одложени и да се одиграа подоцна, – порача Блажевска, која откри и кое е најцрното сценарио за Металург.

– Ќе го споменам и најцрното сценарио. Доколку не успееме да се договориме и Металург биде исфрлен од Федерацијата, тоа не значи дека Металург згаснува. Металург нема да згасне, тој ќе продолжи да функционира како Металург РА. Ќе почнеме од Првата лига, но тоа не е страшно, многу клубови почнале отпочеток, а сега се во Суперлигата и имаат добри тимови. Тоа е црното сценарио, а тоа не значи дека Металург згаснува. Металург ќе опстои и ќе продолжи, сите што сакаат да згасен, морам да ги разочарам, – нагласи претседателката.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни