Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Бензема со чудна изјава за Донарума и со порака до фановите на Реал: ПСЖ е страшен тим, но…..

Објавено

на

Карим Бензема го украде шоуто на „светците“ и постигна три гола за 17 минути, хет-трик со кој го поништи водството на ПСЖ и ги фрли во очај големите ѕвезди како Мбапе, Нејмар и Меси.

Трите гола на Французинот во периодот од 61-та до 78-та минута беа доволни за неверојатен пресврт за паметење на „Сантијаго Бернабеу“, стадион на кој верните навивачи на Реал Мадрид доживеа уште една магична ноќ од своите миленици.

Како главен херој за пласманот во четвртфиналето, Бензема ја коментираше грешката на Џанлуиџи Донарума која го најави пресвртот на Реал, а за која Карим има еден навистина чуден став.

– Тоа не беше грешка од Донарума, тоа беше изнуден гол. Со вршењето пресинг, направивме да дојдеме до таква ситуација. Кога правиме притисок и вршиме пресинг, можеме да победиме било кого. Секој меч е како финале за нас во Лигата на шампионите и денеска се виде дека Реал Мадрид е жив, тоа е мојата порака до фановите.

– Потребни ни беа навивачите, тие многу ни помогнаа. Прекрасно е да се види како се радуваа, оваа победа е за нив. ПСЖ е страшен тим, но ние заслуживме да се пласираме во четвртфиналето. Покажавме ментална сила и направивме пресврт, – изјави Бензема кој стигна до бројката од 309 гола за Реал, надминувајќи го легендарниот Алфредо Ди Стефано.

– Горд сум што надминувам таква легенда како Ди Стефано. Сега да продолжиме напред, нема да запреме тука, – додава Карим кој сега е трет најдобар стрелец во историјата на Реал зад Кристијано Роналдо и Раул Гонзалес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни