Поврзете се со нас

Македонија

Бекот Хосни ќе тресе мрежи за Пелистер во наредната сезона

Објавено

на

Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер за кратко време обезбеди уште едно засилување за наредната сезона, односно откако го договори голманот Урбан Лесјак ја затвори и зделката за бекот Усама Хосни.

Хосни е десен бек, актуелен туниски репрезентативец кој ќе има задача да донесе свежина во надворешната линија на клубот од Битола. Тој во Македонија ќе пристигне од таборот на францускиот прволигаш Истр.

Негов матичен клуб е Клуб Африкан, а во Европа настапува од 2017 година кога прво беше дел од Иври, Понто Комбо за да од 2019 го носи дресот на Истр.

Договорот меѓу Тунижанецот и Пелистер е со важност од две години, официјалното претставување ќе биде пред почетокот на сезоната 2022/23.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни