Поврзете се со нас

Македонија

Баскет Кам со убедлива партија до трофејот во Купот на Македонија

Објавено

на

foto:www.facebook.com/macedonianbasketball

Кошаркарките на Баскет Кам ја освоија титулата на 31. издание на Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“.

Екипата од Македонска Каменица беше убедлива во денешното финале против МЗТ Скопје Аеродром, меч кој го доби со 67:39. Тимот на Баскет Кам уште во првата четвртина се стекна со двоцифрена предност (21-11), предност која продолжи да расте и во вториот период, па на одмор се замина со резултат 45:20.

Тука стано јасно дека скопскиот тим нема да може да ја одбрани титулата, па второто полувреме беше чиста рутина во која избраничките на Стојановска само ја довршија започнатата работа.

Кметовска со 23 поени и 15 скока беше најдобра на теренот и го понесе признанието МВП.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни