Поврзете се со нас

Мото ГП

Бањаја ја потврди доминацијата на Муџело со нова победа

Објавено

на

Foto:twitter.com/MotoGP

Пеко Бањаја потврди дека е најдобар на својот домашна стаза и славеше на шестата трка во новата Мото ГП сезона, односно на трката за Големата награда на Италија.

Патеката Муџело секоја година е една од најатрактивните и најтехничките за сите возачи во „кралската класа“, па така и оваа година видовме големи возбудувања и неколку излетувања.

Актуелниот шампион во Мото ГП практично оставари двоен триумф на Муџело, бидејќи вчера беше најбрз на спринт возбудувањата, а денеска беше најбрз и на главата трка.

Со тоа, Бањаја втора година по ред славеше на својата домашна трка и ја потврди доминацијата, со која направи да има неколку секунди предност пред вториот најбрз возач денеска, Хорхе Мартин од Прамак Дукати.

Пиедесталот денеска го комплетираше искусниот Жоан Зарко, откако ја доби битката со Лука Марини. Бодови уште освоија Биндер, Еспаргаро, Милер, Безеки, Бастијанини и Морбидели, додека катастрофален викенд имаа браќата Маркез, бидејќи излетаа и Марк и Алекс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни