Свет
Балотели му зададе низок удар на Манчини во обидот да ја објасни големината на Мурињо

Марио Балотели се врати во Адана Демирспор и ќе има нова етапа во овој клуб, а пред вториот предизвик кој ќе го има во Турција, „Супер Марио“ се наврати на искуствата кои ги имаше со Жозе Мурињо.
Контроверзниот напаѓач во неколку наврати имаше „топло-ладен“ однос со Португалецот поради глупостите кои ги правеше на теренот и надвор од него, но сепак кога е во прашање генералниот заклучок, Балотели има само добро мислење за „специјалниот“.
Во својот обид да ја истакне големината на Португалецот, Балотели не пропушти да испрати и една „отровна стрела“ до Роберто Манчини, со кого најпрво имаше извонреден однос, но во последно време се наруши после неколку зајадливи изјави од новиот селектор на Саудиска Арабија.
– Мурињо никогаш не бил тренер кој ќе наметне убава игра во еден тим. Тој е харизматичен тренер, ви дава храброст и ви дели комплименти. Тој има јасни идеи за играта, но не се оптеретува премногу со тактика. Мурињо има специјален карактер, навистина е специјален.
– Имавме и вербални дуели, ме тераше да се смеам многу, но знаеше како да ме мотивира. Тој го вади најдоброто и најлошото од вас. Кога бев дел од Интер, играв со 25 феномени. Го гледаме каков е и сега. Дојде во Рома и ја освои Конференциската лига. Тој е тренер кој секогаш победува и тоа го има внатре во себе. Не може само да го напаѓате Мурињо, бидејќи тој е тренер кој носи победи. И Манчини го имаше најдобриот тим, но не победуваше секогаш како Мурињо, – изјави Балотели.
-
Шпанијапред 21 час
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Европски првенствапред 22 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Македонијапред 24 часа
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Италијапред 19 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Англијапред 9 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него
-
Европски првенствапред 21 час
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Шпанијапред 18 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Италијапред 21 час
Рабио и Галјардини ја продолжија „војната“ на социјалните мрежи (Фото)