Поврзете се со нас

Германија

Баерн славеше во Штутгарт и се врати на лидерската позиција во Бундеслигата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBayernEN

Екипата на Баерн Минхен издвојува победа на гостувањето кај Штутгарт од 2-1 во последниот натпревар од денашната  програма во Бундеслигата.

Баварците подобро се снајдоа на овој меч, ги искористија своите шанси и сега одново се на првото место на табелата или поточно го делат истото со Борусија Дортмунд.

Де Лихт во 39 минута го отвори резултатот, додека во 62 водството го зголеми Чупо Мотинг кој вчера го продолжи договорот со германскиот шампион до 2024 година.

До крајот домаќините  постигнаа почесен гол преку Переа во 88 минута.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни