Поврзете се со нас

Германија

Баерн е подготвен да се раздели со Горецка, но под еден услов

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Леон Горецка веќе пет години го носи дресот на Баерн Минхен, но токму ова лето може да биде негово последно во редовите на најдобриот германски клуб.

Играчот од средината на теренот има договор со „баварците“ до 2026 година, меѓутоа проблематичен е неговиот статус кај тренерот Томас Тухел и тоа се виде на крајот на минатата сезона кога во некои натпревари го загуби првотимскиот статус. Наводно Тухел сака во оваа сезона да ги користи Кимих и засилувањето Лајмер што дефинитивно е проблематично за Леон кој засега нема да притиска за заминување, ама во исто време ги остава вратите отворени до крајот на преодниот рок.

Тука се прашува и Баерн кој би кажал „ДА“ за продажба на Германецот со тоа што на негова сметка треба да пристигне понуда меѓу 40-50 милиони евра.

Јунајтед ја следи ситуацијата, а наводно уште 2-3 клуба исто се активни и гледаат дали има простор за ангажман на играчот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни