Поврзете се со нас

Репрезентација

Бабунски: Да ги користиме шансите и да бидеме поефикасни против Грузија

Објавено

на

Македонската репрезентација ги почна подготовките за последните два предизвици во овој квалификациски циклус во Лигата на нации, во кој ќе ги одмериме силите со ривали кои не успеавме да ги победиме во првите пресметки.

„Рисовите“ најпрво патуваат во Тбилиси и ќе мора да бркаат висока победа од три разлика против Грузија за да имаат математички шанси за првото место, по што овој круг во Лигата на нации го завршуваме со пресметка со Бугарија на националната арена „Тодор Проески“.

Селекторот Благоја Милевски со доста проблеми се подготвува за првиот испит во септември и гостувањето кај Грузија, но играчи како Дориан Бабунски веруваат дека Македонија и покрај пеховите поседува квалитет за да брка победа во Тбилиси.

– Мислам дека на првите натпревари со овие селекции покажавме високо ниво на игра, ако се држиме така и ако работиме како досега, ќе извлечеме позитивни резултати. Во споредба со претходните натпревари, треба да бидеме поефикасни, особено зборувам за мечот со Грузија. Имавме многу шанси во првите 60 минути, сега треба да бидеме ефикасни и да ги искористиме приликите кои ќе ги создадеме.

– Паднавме физички на првиот меч со Грузија во завршните 30 минути. Сега наша цел е да го држиме темпото цели 90 минути. Точно е дека ни недостасуваат важни играчи за овој циклус, но тие што се тука имаат одличен старт на сезоната, имаат квалитет и ќе покажат дека се доволно добри за да се задржи нивото од последниот период, – изјави напаѓачот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни