Поврзете се со нас

Англија

Анри нема доверба во еден стартер на Арсенал: Бев исплашен од неговите потези

Објавено

на

Тјери Анри е составен дел од секоја рунда во Лигата на шампионите како специјален аналитичар на „Си-Би-Ес“, па така Французинот имаше можност да ги искажува своите впечатоци по двата натпреварувачки дена во Европа.

Добра вест за Французинот беше тоа што победи неговиот омилен тим Арсенал, но во една од анализите за дербито на „Рамон Санчес Писхуан“, Тити не заборави да напомене дека останал исплашен од изданието на Раја.

Анри очигледно нема премногу верба во шпанскиот чувар на мрежата кој изненадувачки се претвори во прв избор на Микел Артета, па не пропушти да ги потенцира неговите несигурни реакции и исфрлувања во моментите кога Севилја бркаше 2:2 во самата завршница.

– Да бидам искрен, престанав да дишам на моменти во завршницата. Последните пет или шест минути ги минав во таква неизвесност, но тоа е за очекување кога играте на гости против Севилја.

– Им дозволивме премногу нафрлувања од двете страни во опасна фаза од мечот, а кога Раја интервенираше, морам да признаам дека бев исплашен од него. Беше страшно за гледање, но имавме среќа овојпат, – изјави Анри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни