Поврзете се со нас

Англија

Англија виде еден од најчудните автоголови во историјата: Голман си даде гол со глава и стана вирален хит (Видео)

Објавено

на

Изминативе два дена во фокусот беа најголемите возбудувања во Лигата на шампионите, но во Англија се играше фудбал во пониските лиги и имаше огромен број натпревари на програмата.

Навивачите од Островот се навикнати да имаат занимација на домашна сцена и кога се игра најпрестижен европски фудбал, а еден натпревар од Лига 2 донесе сцена која не се гледа често.

Колчестер со пресврт славеше над Гримзби со резултат 2:3, но најкоментирана тема на социјалните мрежи е првиот гол кој бил виден на оваа средба.

Домаќините повеле во раната фаза на мечот благодарение на неверојатна грешка на Овен Гудман, кој демонстрираше како постигнувањето автогол може да стане сложено.

Една вратена топка се обиде да ја смири со глава, но топката доби непосакуван лет за него и заврши во мрежата, што направи да видиме еден од најчудните автоголови во историјата на Англија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни