Поврзете се со нас

Македонија

Алушовски: Охрид има високи цели во новото првенство

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hcohrid

Македонската ракометна легенда, Стевче Алушовски се враќа на домашната сцена и тоа како предводник на составот на ГРК Охрид.

Прволигашот направи сериозни промени во играчкиот кадар, донесени се осум засилување и тоа Бобан Ристевски, Даниел Ѓорѓески, Гоце Ојлески, Никола Стоилевски, Милорад Кукоски, Берин Бркиќ, Теимураз Орјоникидзе и Рудолф Звонимир Сафранко, плус уште неколку млади играчи се промовирани во првата екипа.

Сето ова доволно говори за ангажираноста, посветеноста на клубот за кого тренерот Алушовски не крие дека има високи амбиции во натпреварувачката 2023/2024.

-ГРК Охрид е една од најперспективните екипи во Македонија и ми претставува чест што ќе водам еден ваков амбициозен проект. Охрид е клуб со добра организација кој се стреми да прерасне во сериозен конкурент против секого во македонското првенство и постојан учесник во европските купови.

-Имаме високи цели за оваа сезона, а тоа е пласман во Европа, но нормално е да се обидеме да направиме и нешто повеќе. Имаме условно полесна група во првиот дел од првенството и ќе се обидеме да сме најмалку втори и да пренесеме што е можно повеќе бодови во плеј-офот, а таму ќе се води мртва трка, порачива Алушовски.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни