Поврзете се со нас

Шпанија

Алаба за изданијата на Левандовски во Барселона: Не сум изненаден, тоа што го прави во Шпанија…

Објавено

на

Роберт Левандовски ја смени клупската средина и државата во летниот преоден рок и од Баерн Минхен (Германија) премина во редовите на шпанскиот вицешампион Барселона.

Тој експресно се адаптираше во новата средина и веднаш стана вистиски лидер, човек кој освен што дава голови, асистира, директно учествува во играта, дели совети за помладите, колегите и со тоа само потврди дека е вистинска класа.

За дел од јавноста ова беше изненадување затоа што имаше коментари, анализи дека Полјакот може да се „загуби“ на „Камп Ноу“, но наместо тоа се случи спротивното. Давид Алаба многу добро го познава Лева од времето во Баерн и за него е очекувано што напаѓачот блеска на овој начин.

-Не сум изненаден од Лева. Го познавам многу добро од моето време во Минхен. Она што тој го прави во Шпанија, можев од прва рака да го доживеам со години во Минхен. Тој е еден од најдобрите напаѓачи во светот и тоа го демонстрираше постојано низ годините, а тоа го покажува и оваа година, -истакна членот на Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни