Поврзете се со нас

АТП

Зверев: Алкарас и Ѓоковиќ се на друго ниво

Објавено

на

Foto:twitter.com/usopen

Саша Зверев не успеа да добие ниту сет во дуелот со Карлос Алкарас и го заврши настапот на Ју-Ес Опен во четвртфиналето, а по мечот искрено зборувал за актуелната ситуација во АТП конкуренцијата.

Германскиот тенисер играше против Алкарас и против Новак Ѓоковиќ изминатиов период и смета дека овој двоец игра во „ друга лига“, односно е на многу повисоко ниво од останатите ривали.

– Играв против Новак во Синсинати, а против Карлос овде во Њујорк и мислам дека се на слично ниво.

– Има работи што Новак ги прави подобро и работи во кои Алкарас е подобар во моментов, мислам дека двајцата се на друго ниво во моментов. Ние останатите мора да работиме многу за да им се приближиме, тоа е едноставно да се заклучи, – рекол Зверев.

Алкарас во полуфиналето ќе игра против Медведев, додека противник на Ѓоковиќ ќе му биде изненадувањето Шелтон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни