Поврзете се со нас

Македонија

Втора тренерска смена во Чаир: Шкупи го „шутна“ и Каран

Објавено

на

Шкупи го заврши првиот дел од натпреварувачката сезона како второпласиран на табелата, но трите лоши резултати кои и овозможија на Шкендија да отиде на пауза со плус шест бодови предност, го реши раководството на клубот да направи нова промена.

Умит Каран се врати во Чаир и ја започна својата втора авантура во Скопје откако го наследи Муарем Бајрами, но сепак неговата втора етапа во клубот траеше навистина кратко и Шкупи ќе има нов, трет тренер оваа сезона на стартот на пролетниот дел од натпреварувањето.

– Новата фудбалска сезона ја започнавме со високи амбиции, па втората позиција на крајот на есенската сезона не е она што го посакувавме. По неодамнешните резултати на тимот, сметаме дека тие не е доволно со оглед на целите кои ги поставивме, па затоа решивме да се разделиме со Умит Каран.

– Раководството на клубот сега бара нов тренер и во моментот кога ќе успееме да го именуваме новиот шеф на стручниот штаб, ќе излеземе со соопштение за јавноста.

– На Каран му благодариме за работата и посветеноста, како и за вложениот труд. Му посакувме успех во кариерата, – гласи објавата на Шкупи.

Ndërpritet bashkëpunimi me Umit Karan

https://fcshkupi.com/nderpritet-bashkepunimi-me-umit-karan/

Posted by FC Shkupi on Вторник, 29 декември 2020

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни