Поврзете се со нас

Формула 1

Ралф Шумахер: Тото Волф доби неколку тешки удари, а не е навикнат да губи

Објавено

на

Фото: https://media.mercedes-benz.com

Мерцедес и во новата Формула 1 сезона не може да му парира на Ред Бул, а дополнителен удар за германскиот тим е и потврдата дека Луис Хамилтон ќе замине во Ферари од следната сезона.

Во интервју за „Скај Спортс“, поранешниот Ф1 возач, Ралф Шумахер испратил многу критики за тимскиот шеф Тото Волф и притисокот под кој се нашол поради расплетот на многу настани изминатиот период.

– Тото не е навикнат да губи, во минатото постојано бележеше успеси и ова е нова ситуација за него.

– Дури и неговите клиенти како Мекларен имаат подобри резултати и тоа е најлошо што може да му се случи.

– И на крајот, нивниот возач број еден заминува затоа што веќе не верува во тимот, а тоа е голем проблем. Сега Тото мора да одговори, мора да го задржи Мерцедес со статус на атрактивен тим во кој возачите сакаат да дојдат. Мерцедес е во хаос, тоа можете да го видите и според реакциите во медиумите на Волф. Го почитувам многу, но она што го прават во моментов е катастрофа – вели помладиот брат на легендарниот Михаел Шумахер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни