Поврзете се со нас

Формула 1

Волф за инцидентот на Монца: Ферстапен направи „тактички фаул“

Објавено

на

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, не може да биде среќен поради начинот на кој Луис Хамилтон ја заврши трката на патеката Монца во Италија.

Хамилтон имаше мала предност во однос на Макс Ферстапен по излегувањето од боксот, но ривалот од Ред Бул не отстапи во вториот свијок и дојде до судир и крај на трката за двајцата.

По трката, Волф го оцени потегот на Ферстапен со фудбалски речник, односно како „тактички фаул“.

– Стјуардите ќе решат кој бил виновен, ако треба употребам фудбалски речник, мислам дека Ферстапен направи тактички фаул.

– Претпоставувам знаеше дека ако Хамилтон остане пред него, тоа му ги зголемува шансите за победа.

– Мислам дека мора да го менаџираме овој инцидент на вистински начин, за вакви работи да не се повторуваат. Имаа инцидент на Силверстоун, овој пат едниот болид заврши врз главата на Луис, колку далеку можеме да одиме вака? Што ако следниот контакт биде при големи брзини и повторно имаат ваков контакт? – изјавил Волф.

Дуел на ривалите за крај на трката: Болидот на Ферстапен заврши врз тој на Хамилтон (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни