Поврзете се со нас

Италија

Влаховиќ го прекина интервјуто за специјална порака: Многу сум тажен (Видео)

Објавено

на

Душан Влаховиќ вчера постигна атрактивен гол, со кој го прекина долгиот пост, а истовремено донесе и победа за Јувентус, кој се бори за место во Топ 4 во Серија А.

По натпреварот, српскиот репрезентативец бил избран од медиумите како соговорник кој ќе ги коментира случувањата на дуелот со Лече, а Влаховиќ по кратките одговори на вообичаените прашања, решил да испрати порака и до своите сонародници.

Фудбалерот очекувано бил шокиран од вооружениот напад на тинејџер во белградско училиште и не пропуштил да изрази сочувство на семејствата кои се завиени во црно по оваа трагедија.

– Се извинувам, но сакам да кажам уште нешто.

– За мене денес пред се е тажен ден поради тоа што утринава се случи во Белград и сакам да им испратам прегратка на сите фамилии и на луѓето кои биле таму.

– Да се надеваме дека вакви работи нема да се повторат, бидејќи се незамисливи. Многу сум тажен и скршен, нека почиваат во мир, – истакнал напаѓачот на Јувентус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни