Поврзете се со нас

Евролига

Ветераните Родригез и Љуљ го разбудија Реал, Партизан остана без Ф4 пласман

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/RMBaloncesto

Реал Мадрид повторно бркаше голема негатива во серијата против Партизан, а на крајот не само што ги израдува своите фанови, туку го комплетираше и големиот пресврт (98:94) во четвртфиналната серија во Евролигата.

Српскиот претставник долго имаше предност на петтиот и решавачки дуел во „Визинк“, но Реал направи пресврт инспириран од ветераните Родригез и Љуљ кои проработија во решавачките моменти.

Партизан на полувреме имаше големи плус 16, во третиот период стигна и до плус 18, а Реал до крајот на тој период успеа да намали на седум поени негатива.

Реал продолжи да ја топи предноста на гостите и по долго време поведе со резултат 86:83, со што најави дека е подготвен за голем пресврт, кој на крајот успеа и да го претвори во голема победа. Во тој период клучни беа поените на ветераните Серхио Родригез и Серхио Љуљ, кои проработеа во најважните моменти и го оставија Партизан без одговор.

Муса со 20 и Родригез со 19 поени беа најефикасни во редовите на Реал, додека Пантер со 28 поени повторно беше најдобар поединец кај гостинската екипа.

Реал Мадрид е последниот патник на фајнл-фор турнирот во Евролигата и во полуфиналето ќе се соочи со големиот ривал Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни