НБА
Вемби шоу: Французинот блескаше и го откажа упорниот Феникс (Видео)

Виктор Вембанјама го одигра својот досега најдобар натпревар во НБА лигата, па со дабл-дабл учинок му помогна на Сан Антонио да го победи Феникс на гостински терен.
Французинот постигна 38 поени и забележа 10 скокови, а беше одлучувачки фактор во финишот во кој ги постигна најважните поени кога Спарс го одлучуваа победникот во завршницата.
Гостите во еден момент од дуелот имаа 27 поени предност, но Феникс се врати на егал 4:21 минути до крајот, што беше момент за будење и за првиот пик на годинешниот драфт. Гостите одговорија со серија 12:0, а дури десет од тие дванаесет поени се запишани зад името на Вембанјама.
Дурент и Букер постигнаа по 28, односно 31 поен, но тоа не беше доволно за позитивен резултат на Феникс, кој веќе има три порази на пет натпревари.
Ембид и Убре со 28, односно 23 поени биле најзаслужни за победата на Филаделфија над Торонто, додека МекКалум со 33 поени го предводеше Њу Орлеанс до триумф против Детроит.
Феникс-Сан Антонио 121:132
Филаделфија-Торонто 114:99
Њу Орлеанс-Детроит 125:116
Јута-Орландо 113:115
-
Македонијапред 20 часа
(ФОТО) Новиот автомобил на Иџе пристигна во Скопје
-
Италијапред 19 часа
Малдини откри како бил отпуштен од Милан и распали по првиот човек на клубот
-
Германијапред 12 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 14 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Англијапред 11 часа
Гвардиола воодушевен од тренерот на Тотенхем: Тој го прави фудбалот подобро место, уживам да ги гледам
-
Шпанијапред 22 часа
Флорентино и Чоло уловени во интересна конверзација: Ќе бидеш горд…… (Видео)
-
Светпред 11 часа
Митровиќ и Милинковиќ-Савиќ го потопија Ал Наср на Роналдо (ВИДЕО)
-
Англијапред 13 часа
Тен Хаг: Онана е втор најдобар голман во Премиерлигата