Поврзете се со нас

Англија

Варан за тоа што Роналдо му носи на Јунајтед: Кога играте со ваков тип на играч…

Објавено

на

Кристијано Роналдо се одлучи да се врати во Манчестер Јунајтед  и да му помогне на клубот да се врати на победнички патеки.

Сите навивачи, управата, јавноста едноставно очекува Португалецот да донесе дух, менталитет кој едноставно во моментов му е повеќе од потребен на Јунајтед кој веќе подолго период се мачи или поконретно од заминувањето на легендарниот стратег сер Алекс Фергусон.

Рафаел Варан е едно од засилувањата за Јунајтед, играч кој многу добро го познава Кристијано, па од свој агол објасни што всушност ќе му донесе на клубот од Манчестер.

-Мислам дека тој е најдобриот пример во светот во однос на работната етика и победничкиот менталитет. Играјќи со овој тип на играчи, се подобрувате секој ден. Ако тој се уште игра на толку високо ниво на негова возраст, тоа е затоа што неговата работа е неверојатна. Многу сум среќен што играм со него, -рече Французинот кој имаше што да каже и за новиот партнер во одбраната, Хари Мегваер.

-Со Серхио Рамос имав 10 години за да го запознам, да видам како се движи на теренот и како треба да се движам за да бидам комплементарен со него Мислам дека Мегваер е одличен играч, но мора да работиме напорно за да се чувствуваме удобно на теренот. Истото е со секој дефанзивец во тимот. Важно е да се чувствувате поврзани. Мораме да се движиме заедно и да се мотивираме едни со други. Секојдневно учиме и се подобруваме, -порача Варан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни