Поврзете се со нас

Одбојка

„Спартанците“ го преслушаа Кипар во Струмица и отворија со победа во Сребрената лига

Објавено

на

Македонската одбојкарска репрезентација ја отвори со убедлива победа Европската Сребрена лига која денеска стартуваше во Струмица, откако Кипар се покажа како недораснат ривал за селекцијата во подем во изминатите неколку години.

Македонија запиша очекувана и сигурна победа од 3:0 во сетови во пресметката против Кипар, со тоа што најубедливи „спартанците“ беа во последниот сет.

Нашите одбојкари ги контролираа случувањата на теренот во секој момент и славеа со 25:21, 25:21 и 21:19, што секако беше добро загревање за она што следува веќе утре.

Никола Ѓоргиев со 19 поени беше најдобар поентер во нашиот тим, Љафтов исто така беше двоцифрен со 12 поени, додека Милев го заврши натпреварот со седум реализации.

Во првиот меч кој се одигра во Струмица, Данска во возбудлив меч славеше над Израел со 3:2, а токму Израелците ќе бидат наши противници утревечер во 20:00 часот. Претходно, Данска ќе ги одмери силите со Кипар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни