Европски првенства
Спалети пресече кои играчи нема да играат против Македонија, отпадна и ѕвезда на Јувентус

Италијанскиот селектор Лучијано Спалети е оптимист дека неговата репрезентација ќе се прикаже во вистинско светло на дуелот со Македонија во Рим, а влогот за „азурите“ повторно е голем во пресрет на соочувањето со Украина во последното коло од квалификациите за ЕП.
Спалети се обиде да направи најдобар избор при селектирањето на играчите со кои ќе располага, дел отпаднаа поради повреди, а утринава стана јасно и кои играчи нема да бидат во конкуренција по неговата последна одлука.
Пет фудбалери нема да бидат во комбинација, од кои еден поради суспензија, а четворица по проценката на Спалети дека во моментов не се негов приоритет во изборот на играчи кои ќе настапат против Македонија.
Суспендиран е капитенот на Наполи, Џовани Ди Лоренцо, додека „елиминирани“ се Гилјелмо Викарио, Кристијано Бираги, дебитантот Андреа Колпани и Моисе Кеан.
Натпреварот Италија-Македонија вечерва се игра од 20:45 часот, а Италијанците по три дена ќе се сретнат со Украина.
-
Англијапред 23 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него
-
Англијапред 20 часа
Сколс закачи две ѕвезди на Јунајтед по поразот од Њукасл: Тој му нанесе повеќе штета на тимот отколку добро
-
Англијапред 13 часа
Кин за врската со Фергусон: Зошто да имам добар однос со некој кој ве фрла под автобус?
-
Атлетикапред 19 часа
Ивановски постави нов македонски рекорд на маратонот во Валенсија
-
Англијапред 19 часа
Мек Алистер за препирката меѓу Гвардиола и Нуњез: Јас се смеев…(ВИДЕО)
-
Англијапред 11 часа
Гвардиола за контроверзниот момент на дербито: Не можам да го разберам потегот на судијата (Видео)
-
Италијапред 15 часа
Италијанска драма: Голманот не Лече се избори за пенал во 96. минута! (Видео)
-
Англијапред 14 часа
Хау ја посочи најлошата вест од победата над Јунајтед