Поврзете се со нас

Билијард и Снукер

Снукерот е лесна игра кога Рони е во ритам: Рекордна седма титула за О’Саливен во „Крусибл“

Објавено

на

Светскиот снукер шампионат ги оправда очекувањата на се поголемиот број фанови на џентлменската игра, а Рони О’Саливен на доминантен начин стигна до седмата титула на најважниот турнир во годината.

Англискиот маестро рутински стигна до финалето иако немаше лесен ждреб, а во завршната пресметка го неутрализираше многу помладиот колега Џад Трамп (18:13).

„Крусибл“ донесе уште едно издание на О’Саливен за кое ќе се зборува долго, а тој заврши најголем дел од задачата во првите две сесии, па денеска го отвори финалето со предност од 12:5. Трамп имаше многу подобар старт и издание денеска, стигна до 14:11, но светскиот шампион од 2019 година, не можеше целосно да ја стопи големата предност на својот сонародник.

Со новиот триумф во Шефилд, О’Саливен стигна до израмнување на рекордот на Стивен Хендри кој досега беше неприкосновен со седум титули на Светското првенство, со што стана сопственик на речиси сите најважни снукер рекорди.

Еден од нив е и за највозрасен победник, бидејќи со 46 години, Рони го собори досегашниот рекорд на Реј Рирдон од 1978 година.

За победата во „Крусибл“, О’Саливен ќе добие парична награда од 500.000 фунти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни