Поврзете се со нас

Свет

Син на српска кошаркарска легенда сака да настапува за Грција

Објавено

на

Српската кошаркарска репрезентација традиционално е исполнета со еминентни кошаркарски имиња кои настапуваат низ Европа и во НБА, но се чини дека во иднина во српскиот дрес нема да го гледаме Андреј Стојаковиќ.

Талентираниот кошаркар е син на легендарниот Предраг Стојаковиќ, но деновиве посочил дека преферира да настапува за Грција.

Стојаковиќ јуниор е роден во Грција додека неговиот татко настапуваше во оваа земја, а порасна во САД, а очигледно ја избрал земјата од која потекнува неговата мајка.

– Минатата година не ни можев да помислам на вакво нешто. Сега сум возбуден што можам да настапувам за Сакраменто и Грција, – изјавил Стојаковиќ, шокирајќи ги и српските медиуми кои ја пренесоа информацијата.

Андреј настапува за Џесуит, а веќе го избра Стенфорд за своја универзитетска и кошаркарска дестинација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни