Поврзете се со нас

Шпанија

Шокантно тврдење на каталонското радио „РАК1“: Барселона криела дека дури пет играчи од првиот тим се…

Објавено

на

Каталонското радио кое неретко знае да извади вести поврзани со Барселона, „РАК 1“ пренесе една помалку шокантна информација.

Имено, според овој медиум од таборот на Барселона криеле дека по првичното тестирање на фудбалерите за коронавирусот се појавиле дури пет заразени играчи и две лица од стручниот штаб.

Наводно никој од заразените немал никакви симптоми и многу бргу сите се опоравиле од вирусот и на следното тестирање веќе биле негативни.

Сепак, се поставува прашање зошто од Барселона не соопштија и криеа дека во своите редови имаат заразени од опасниот вирус.

Инаку, Ла Лига ќе продолжи на 12 јуни, а прв натпревар ќе биде оној помеѓу Севилја и Реал Бетис.

Фудбал во Шпанија ќе има секој ден, а сезоната ќе треба да се затвори на крајот на месец јули и почетокот на август, за кога е закажано продолжението на европските купови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни